За нас

МРЕЖАТА НА ЛАГОВИ ги обединува двигателите на промени водени според ЕУ ЛИДЕР пристапот овозможувајќи креативност во стартегиите за развој предводен од заедницата и отворање на можности за заеднички иницијативи за ревотализација на руралните подрачја и ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ.

 

ЛИДЕР (LEADER – “Liaison Entre Actions de Développement de l’Économie Rurale” значи “Врски меѓу руралната економија и развојните активности”) е програма за рурален развој на Европската Унија која е насочена кон создавањето на работни места и подобрувањето на животните стандарди во руралните заедници. Заснована е на пристап од долу нагоре - bottom up approach кој овозможува поголема општествена инклузија и децентрализација на јавните политики.

ЛИДЕР функционира преку регионален пристап, раководен од формализирани јавно-приватни партнерства наречени Локални акциски групи (ЛАГ). 

Локалните Акциони Групи се партнерства на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, како и индивидуалци кои креираат идејни решенија за социо-економски развој на локалните заедници. Овие групи имаат добро балансирано претставување на јавните, приватните и невладините сектори, со учество од најмалку 51% на приватните партнери и невладините организации во партнерството.

Пристапот LEADER/ЛИДЕР денес зазема се позначајна улога во рамките на Заедничката земјоделска политика ( ЗЗП ) на Европската унија . Политиката за Рурален развој има една приоритетна цел, а тоа е промовирање на развој, поточно оддржлив развој во средините со рурален карактер во Европа фокусиран на решавање на проблеми од областите на економски развој, социјална благосостојба, здравствена заштита, технологија, иновации, и заштита на животна средина.   

Согласно Еворпските програми, ЛИДЕР е мерка под ИПАРД компонентата на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската Унија насочена кон поддршка на Локален развој воден од заедниците (CLLD).

МРЕЖАТА НА ЛАГОВИ  во партнерство со своите сочинители - Локалните Акциони Групи дава поддршка на локалните развојни чинители и овозможува економска и социјални кохезија преку уникатен пристап кој бележи позитивни резултати.

Цели на МРЕЖАТА НА ЛАГОВИ

- Подобрување на квалитетот на живот во руралните заедници преку интегриран рурален развој

- Реципрочен пренос на знаења и добри практики

- Вмрежување и соработка на национално, Регионално и Европско ниво