ЛАГ ВАРДАР ЛЕАДЕР – ГРАДСКО

Локалната акциона група ЛАГ ВАРДАР ЛЕАДЕР – ГРАДСКО е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение, формирано со слободно здружување, кое делува во областа на одржливиот рурален развој, отворено за соработка и нови партнерства, обезбедува обуки и информации, мобилизира ресурси преку вмрежување на актери од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор за реализација на иновативни проекти кои придонесуваат кон подобрување на квалитетот на живот на населението на територијата на општините Велес, Градско и Чашка.

Локалната акциона група ЛАГ ВАРДАР ЛЕАДЕР – ГРАДСКО е формирана во 2016 година и во него како активни членови се јавуваа повеќе фирми од бизнис заедницата, преставници од Јавните институции, невладини организации, земјоделски здруженија и индивидуалци, како и преставници од Единиците на Локална Самоуправа – Општините Велес, Градско и Чашка кои впрочем се и основачи на оваа акциона група.

 

НАШАТА ВИЗИЈА

Визијата која што претставува долгорочна определба и насока кон која ќе се движи територијата на ЛАГ-от Вардар Леадер и крајна посакувана дестинација на економскиот развој за следните 5 години, односно во периодот од 2016 до 2020 година, гласи:

„Територијата на ЛАГ-от Вардар Леадер e успешна, економски развиена и чиста рурална средина со препознатлив бренд на квалитетни земјоделски производи и иновативна понуда за вински и рурален туризам. На територијата на ЛАГ-от Вардар Леадер се работи на подобрување на капацитетите на човечките ресурси, се негува културно – историското и природно наследство и се поттикнува активно и креативно учество на младите во развојот“.

ПОРАКА

ЛАГ-от Вардар ЛЕАДЕР-Градско, е формиран со цел да делува во областа на одржливиот рурален развој, отворен за соработка и нови партнерства, обезбедува обуки и информации, мобилизира ресурси преку вмрежување на актери од јавниот, приватниот и

граѓанскиот сектор за реализација на иновативни проекти кои придонесуваат кон подобрување на квалитетот на животот на населението на територијата на општините Велес, Градско и Чашка. Со правилен развој на ЛАГ-от Вардар Леадер – Градско, ќе се овозможи развој на регионот, конкретно на трите општини на кој дејствува ЛАГ-от, а со тоа индиректно ќе овозможиме правилна и општествена добит кон сите единки во регионот.

Само со постојана работа и позитивна енергија можеме заедно да дојдеме до степен кој ќе преставува стабилно општество, мирен и проспреритетен живот за сите нас.

Ги повикуваме сите заинтересирани да ни се приклучат со свои идеи, планови, предлог проекти и разни други активности за целосно и успешно спроведување на нашите визии и идеи

АДРЕСА: Александар Македонски бр.21 , Градско
КОНТАКТ ЛИЦЕ: Зоран Јаневски – Претседател