Донација на книги

Со поддршка на Амбасадата на Република С. Македонија во Виена, Австрија на иницијатива на Мрежата на ЛАГови и ЛАГ АГРО ЛИДЕР беше обезбедена донација на книги, учебни помагала и едукативни игри за учење на германски јазик како и литературни дела од Австриски автори и авторки.

Донацијата е за основните училишта во нашата држава  односно во општина Прилеп и општина Долненисо што учениците ќе имаат можност да ги зајакнат своите јазични вештини за германски јазик и ќе се запознаат повеќе со австриското литературно творештво.

Познавањето на странски јазик е богатство и голема предност во денешно време па затоа со вакви иницијативи Амбасадата ќе продолжи да ги подобрува достапноста и квалитетот на изучувањето на странски јазици односно на германскиот јазик, и ќе им овозможи на учениците да се запознаат повеќе со културата и литературата на Република Австрија.