Проценка на влијанието и можностите за прилагодување на климатските промени во земјоделскиот сектор во Битола

Земјоделското производство е нераскинливо поврзано со климата што го прави земјоделството најчувствително на климатските промени од сите сектори. Во земји како што е Република Северна Македонија ризиците од климатските промени за земјоделскиот сектор се особено итен и важен проблем бидејќи егзистенцијата на мнозинството од селското население, директно или индиректно, зависи од земјоделството. Потребата за прилагодување на климатските промени во сите сектори сега е јасна. Меѓународните напори за ограничување на стакленичките гасови и за ограничување на климатските промени сега и во иднина нема да бидат доволни за ограничување на неповолните влијанија од зголемувањето на температурите, промените на врнежите и зголемената зачестеност и сила на екстремните временски непогоди. Истовремено, климатските промени можат да создадат и шанси, особено во земјоделскиот сектор. Зголемените температури можат да го продолжат периодот на вегетација, повисоките концентрации на јаглерод диоксид може да го зајакнат растот на растенијата, а во некои области, како резултат на климатските промени може да се зголемат дождовите и достапноста на водени ресурси. Развивањето на ваков план идеално вклучува комбинација за високо квалитетна квантитативна анализа и консултации со клучните чинители, особено земјоделците, како и со земјоделски експерти во општината.

Проектот има за цел да ја интегрира адаптацијата на климатските промени во програмите и работата на локалните власти и институции во општина Битола

Специфични цели:

Цел 1 - Воспоставување на  партнерства за зголемување на капацитетите на целната група за прилагодување на климатските промени во општина Битола

Цел 2 - Зајакнување на знаењето на општинските власти, земјоделците и јавните институции за адаптација на климатските промени во земјоделскиот сектор во општина Битола

Цел 3 - Подобрување на податоците и информативна база за влијанијата на климатските промени врз земјоделството преку развивање на „Извештај за проценка на локалниот ризик и ранливост“ во општина Битола за 2021 година поврзан со настани со големо влијание на топлина, силен дожд и суша и Програма за прилагодување на климатските промени во земјоделскиот сектор во општина Битола

Проектот претставува комбинација од 3 компоненти – анализа и идентификување на терен за влијанието на климатксите промени врз земјоделскиот сектор, едукативно – информативна кампања и Подговтовка на Програма за прилагодување на климатските промени во земјоделскиот сектор за општина Битола. Преку овие 3 компоненти ќе бидат опфатени повеќе целни групи – население, граѓански организации и други засегнати страни. Климатските промени можат да создадат и шанси, особено во земјоделскиот сектор. Зголемените температури можат да го продолжат периодот на вегетација, повисоките концентрации на јаглерод диоксид може да го зајакнат растот на растенијата, а во некои области, како резултат на климатските промени може да се зголемат дождовите и достапноста на водени ресурси.

 

Ризиците од климатските промени не можат да се ефективно разрешат, а шансите не можат ефективно да се искористат без јасен план за усогласување со земјоделските политики со климатските промени, за развој на способностите на клучните земјоделски институции и за прилагодување на климатските промени врз земјоделските производи, добитокот, водените ресурси, поплавата и храната. Развивањето на ваков план идеално вклучува комбинација за високо квалитетна квантитативна анализа и консултации со клучните чинители, особено меѓу земјоделците и населението вклучено во земјоделскиот сектор, а сето тоа има влијание врз целокупното население во општините.

Целна група на проектот е населението кое живее во општина Битола и е вклучено во земјоделскиот сектор, вработени во ЕЛС Битола кои работат во одделението за животна средина, претставници на Агенција за развој и поддршка на земјоделството Битола, бизнис сектор од земјоделскиот сектор, Центар за Пелагониски плански регион, граѓански организации,ученици од СОЗУ Кузман Шапкарев Битола, медиуми, итн.

Проектот ќе придонесе до:

- Финансиска одржливост: Една од препораките на Стратегијата на Светска банка што сакаме да започнеме да ја спроведуваме со овој проект е поврзана со обврската на државите и оштините да обезбедат прилагодување на климатските промени во општината. Бидејќи се единствените специјализирани центри за општински работи, општина Битола ќе има право на финансирање на мерки и активности од Програмата за прилагодување на климатските промени во земјоделскиот сектор преку Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерство за ќивотна средина. Воспоставените соработка, која што започнува со овој проект, по меѓу Мрежа на ЛАГови, АПРЗ, Советодавен центар за земјоделство и рурален развој и Пелагониски плански регион се основа за обебзедување на понатамошна финанска одржливост на проектот преку други меѓународни донатори. Креираната не-формална мрежа понатаму може заеднички да настапува пред разлилни донатори за да може да се преземаат конкретни чекори од Програмата за прилагодување на климатските промени во земјоделскиот сектор за општина Битола.

- Институционалната одржливост ќе се обезбеди преку овозможување на соодветните структури да продолжат да бидат во функција по завршувањето на акцијата, бидејќи ќе обезбедиме подобрено знаење на земјоделците, населението вклучено во земјоделскиот сектор, јавните институции и локалната самоуправа Битола за тоа како да ги направат првите чекори кон прилагодување на климатските промени во земјоделскиот сектор согласно нивните надлежности.

- Одржливост на ниво на политика: Како една од највисоките вредности на проектот е одржливоста на ниво на политика поврзана со подобрени општински документи.

 Акцијата ќе ги промовира меѓународните препораки, со што ќе се поддржи сензибилизацијата кон неопходните измени во локалните документи и програми. Ова ќе доведе до усогласување со меѓународни правни документи и ќе биде чекор напред во процесот на интеграција во ЕУ.

-  Одржливост на животната средина: Резултатите од акцијата имаат значителни позитивни влијанија врз животната средина. Апликантите за проекти и соработниците се сензибилизирани за еколошките практики во спроведувањето на проекти од страна на колегите кои работат во оваа важна област и затоа имаме политики и практики прилагодени на животната средина во согласност со напорите за зачувување на природните ресурси

Partners