ЈАВНИ ПАРИ ЗА ЈАВНО ДОБРО

Транспарентноста на буџетот е особено важна во локалната самоуправа. Сегашниот начин на функционирање на националните, регионалните и локалните институции и децентрализацијата водат до поголема препознатливост на улогата на локалната самоуправа, проследено со воведување на субсидијарниот принцип и зголемено учество на граѓаните во јавните политики. Граѓаните очекуваат политики и мерки кои ќе го подобрат нивниот живот, а локалните власти имаат обврска да ги информираат граѓаните за локалните политики и општинскиот буџет за реализирање на иницијативи согласно потребите на локалното население.  

Во периодот од 01.05.2020 до 29.02.2021 година, Мрежата на ЛАГови го спроведуваше проектот „Јавни пари за јавно добро“

Општа цел на проектот -  Подобрување на практиката и учеството на граѓанскиот сектор врз трошењето на локалните јавни пари преку рефлектирање на правата и интересите на граѓаните, а со цел зголемување на ефикасноста на трошењето на општинските пари

Активностите на проектот ја надополнуваат потребата за анализа на ставовите и запознаеноста на граѓаните за транспарентноста и спроведувањето на буџетскиот процес во нивната општина, нивна едукација во клучните области од буџетскиот процес, како и промовирање на можностите за граѓанско партиципативно  учество  во буџетскиот процес на локално ниво. Преку низа на проектни активности, се креираа ефикасни анализи и извештаи и успешно  се мобилизираа граѓанските организации и граѓаните во локалните јавни процеси на буџетирање.

Посебен акцент беше ставен на граѓанските организации кои имат важна улога во поттикнувањето на граѓаните да го следат работењето и трошењето на јавните пари, да ги користат достапните, но и да создаваат нови инструменти и механизми за да се бара поголема транспарентност и отчетност од локалната самоуправа. Во рамките на овој проект, тоа  се направи преку создавање на неопходни ресурси, креирање на анализи и извештаи, обука и креирање на Водич за зголемување на знаењето на граѓаните за нивните права, како и медиумска камања која ќе придонесе до подигање на свеста и поголема афирмираност на предизвикот на буџетската транспарентност.

Со проектните активности се:

- Креираше неформална мрежа на граѓански организации кои делуваат на територијата на општина Битола

- Се обезбеди обука на претставници на граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, граѓаните и локалните медиуми за професионално и систематизирано следење на буџетскиот процес на локално ниво

- Подготви анализа од истражување за запознаеноста на граѓаните на општина Битола за буџетскиот процес и нивните права за пристап до информации и партиципативно учество  и

- Креира Водич за буџетски процес на локално ниво

 

Проектот е финансиски поддржан од Фондација Отворено општество - Македонија