Отворање на сензорна соба во ООУ “Даме Груев” , Градско

Ротари клуб Велес во соработка со Ротари Клуб Неготино, Мрежата на ЛАГови и општина Градско на 2ри Септември 2022 година ја отворија првата сензорна соба во општина Градско во рамките на ООУ “Даме Груев”, Градско  наменета за лица со и без образовни потешкотии опремена со реквизити и стимулаторни елементи.

Почетокот на оваа учебна година се посветивме на обезбедување на услови за инклузивно образование. Училишниот период е клучен за развојот за децата, а особено за ранливата категорија на ученици и затоа се фокусираме на инклузијата и еднаквоста во сите сфери.

Собата е опремена со меки подови, интерактивна туба со вода, топчиња и меурчиња,светлосна ламба, сложувалка со огледала, и други елементи што треба да ги задоволуваат светските норми и стандарди за квалитет. Просторијата е прилагодена и има дидактички материјали за сите ученици, со цел да се постигне инклузија и нивно вмрежување.

Целта на отворање на оваа сензорна соба е да се одговори на потребите на децата со развојни нарушувања од општина Градско, да се обезбеди инклузивно образование и да се подобри квалитетот на живот на децата и нивните семејства.