Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување

Мрежата на локални акциони групи во Северна Македонија во соработка со ЛИДЕР ФОРУМ од Австрија преку спроведување на проектот "Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување" ќе креирааат платформа за пристап до права и мерки од социјална заштита, социјални услуги и програми за вработување - Ehelp.mk и ќе воспостават информативни и советодавни услуги за жителите на руралните средини. 

Главна цел - Унапредување на проактивниот пристап на граѓанското општество преку вмрежување со националните институции и локалните власти, и заеднички придонес во воспоставување на дигитален простор за давање совети и поддршка за пристап до права од социјална заштита, социјални услуги и поддршка до вработување, како и овозможување на теренски посети на жителите во руралните средини преку тимови кои ќе даваат информативни и советодавни услуги.

Општи цели на проектот

- Подобрување на пристапот до информации од јавен карактер за граѓаните во Северна Македонија
- Придонес да ранливите групи на граѓани имаат еднаков пристап до социјални услуги
- Зајакнување на капацитетите на НВО во руралните средини
- Подобрување на соработката помеѓу релевантните чинители во социјалниот и здравствениот сектор
- Подобрување на дигиталната писменост на жителите на руралните заедници

Специфични цели на проектот:

- Трансфер на знаење и споделување на добри практики од република Австрија во областа на социјалните услуги
- Подобрување на економскиот и социјалниот статус на ранливите групи
- Воспоставување на дигитална платформа што ќе ја оптимизира употребата на владините политики и владините мерки и услуги 
- Зголемување на капацитетите и одржливоста на Мрежата на локални акциони групи во Република С. Македонија

 

Мрежата на Локални Акциони Групи ќе ги спроведува проектните активности во партнерство со Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР и Локална Акциона Група Вардар ЛЕАДЕР.