Работилница "Социјални услуги за аутистични деца и млади"

Мрежата на ЛАГОВИ во соработка со проектните партнери во рамките на Проектот eHelp денес одржа онлајн работилница “Социјални услуги за аутистични деца и млади".

Работилницата ја водеше Барбара Штумпф, а свое поздравно обраќање имаше г-н Харалд Фугер – Аташе на Австриското Социјално министерство во нашата држава.

Предавање во областа на социјални услуги за аутистични деца и млади имаа г-ѓа Ана Мартон и Др. Јоханес Клиетман претставници на Фондацијата Specialisterne од Австрија.

Статистичките податоци од Австрија покажуваат дека дијагностиката на аутизам е можна на 2-3 годишна возраст, но во просек кај децата се поставува дијагноза на 8 годишна возраст, а просечната возраст на дијагностицирање на аутизам кај возрасните е 34 години. Околу 2000 лица со аутизам се присутни на пазарот на труд во Австрија.

Фондацијата Specialisterne е непрофитна организација која активно делува во обезбедување на социјални услуги за лицата со аутизам и слични предизвици, со фокус на вработување и обезбедување на образование за нивна конкурентност на пазарот на труд.

Фондацијата обезбедува програма за таленти и посредување на пазарот на труд, советување и менторирање, како и поддршка за натамошен развој на лицата до аутизам.

Partners